Sunday, June 2, 2013

Polka dots vol.2



    Пред некое време пишував за црно белата комбинација а исто така и за точките/туфните кој како си сака така си ги вика....Во последно време сум опседната со точкиве што дури и при реновирање на стан би ги искористила :) Во овој пост ви ги претставувам новите кондурчиња кои и тоа како ми го направија подобар викендов :) во комбинација со летна и лесна бела кошула и светли фармерки. 
Точките и тоа како се во мода и треба повеќе храброст за да се искомбинираат, но бидете храбри и експериментирајте, тоа ве прави уникатни!









  shoes: BOX Italian shoes  bag:Zara  jeans: Stradivarius  Shirt:no name

Sunday, May 26, 2013

Weekly outfits

Во овој пост решив да ви ги претставам сите неделни комбинации, кои за на кафе кои за на работа... Можеби некои од нив ќе ве инспирираат или пак ќе ве натераат на нешто поинакво да облечете за на работа отколку досадниот црн костум со бела кошула :)














Wedding outfit

Како и секоја пролет и лето свадбите се побројни...скоро секој викенд некоја другарка или другар ,,лета во тафче,, 
Па во чест на сите свадби еве еден свадбарски аутфит, комбинација од црвено и крем со златни додатоци кои и даваат префинет и ин изглед на целата комбинација...Уживајте!






Tuesday, April 23, 2013

Златно во комбинација со пастелни нијанси

    Денеска решив да ви ја претставам мојата комбинација избрана за денешниов ден, конкретно ја одбрав за работна варијанта меѓутоа може да се искористи и за дневна кафе комбинација ;)

   Златното е ин оваа сезона, а искомбинирано со пастелни нијанси изгледа совршено, нежно и префинето. Избрав крем панталони, златно ланче, златно тенко џемперче кое е супер за пролетното променливо време, бледо праска боја кошула, кремави балетанки со златно - сребрени мотиви и исто така одбрав и балетанки само со златни мотиви, убаво стои и со тие и со другите балетанки,целата комбинација ја надополнив со златен часовник, еве неколку сликички од денешниот преубав ден. 













GabiFox

Saturday, April 20, 2013

Направи си сама: Тренди ланчe


 Денеска решив да ви откријам еден мал трик за изработка или модификација на старо ланче со циркони кое можете да го разубавите со само еден обичен конец  
или пак вуница. Како што сите знаеме сега се ултра модерни огрлиците во разни бои и нијанси, па со малку труд можете да си направите уникатно ланче кое ќе ви ја украсни и надополни дневната како и вечерната комбинација.
 

Што ви е неопходно:

4 конци намотани во клопче

* Ланче со мали камчиња

* Игла за шиење

* Ножици

* Механизам за закопчување од старо ланче  

* Клешти

Разделете ги конците за шиење на 15-18 ленти, должината зависи од должината на старото ланче со камчиња, кое што сте го избрале. Ова истово може да се направи и со вуница.  

На 8 см од едниот крај врзете чвор. Разделете ги конците на три рамни дела и започнете да плетете плетенка (ситна и густа) 


    На 8 см од крајот врзете чвор


    Со помош на клештите отстранете го механизмот за закопчување од ланчето 
со камчиња(старото)


Земете конец со иста нијанса ставете ја плетенката која претходно ја направивте и старото ланче едно до друго и со иглата и конецот почнете да шиете ( види слика)




   Земете 25см конец за шиење може и друга нијанса малку да биде поинтересно и замотајте ги тие 8 см што ги оставивте на почетокот. 

   Потоа сошиете го механизмот на едниот и на другиот крај, а потоа исечете ги остатоците од конецот. (види слики)







GabiFox