Monday, August 27, 2012

Стилот на Серена Ван Дер Вутсен

Стилот на Серена Ван Дер Вутсен

     
      Познатата серија Gossip Girl или на нашки Озборувачка, ја истакна Серена, Блер и уште неколку личности кои им претставуваче отскочна даска за во иднина.
Серијата изобилува со богата гардероба,наки, чевли и ташни.... Само колку Хермес Биркин се појавиа ;)
   Серена е млада откачена тинејџерка која има по рок стил, за разлика од Блер која има покласичен и дамски стил. Еве неколку креации на Серена.







  Истотака во оваа серија ќе научите многу за комбинирање на боја, дека не треба секогаш ташната и чевлите да ви се иста боја, дека можете да бидете во сите летни бои на вас, дека од нигде никаде може да носите џиш помаранџеста тачна.....дека пруги,точки и цветови се комбинираат заедно!

Дали ви се допаѓа стилот на Серена Ван Дер Вутсен? Дали сте фан на Gossip Girl?
Ги очекувам коментарите....
 Најжешкиот тренд оваа година - ,,пеплум,,





Од извесно време во модното пространство се случува една модна тенденција, за која се се канам да ви раскажам за неа но никако не стигам.
 
А таа е многу специјална!

Ако треба да користам термин од модата тој ќе биде ,,пеплум,, а доколку користам наш речник би било ,,корсет - лале,,

Но да ви објаснам прво зошто овој тип на облека се нарекува пеплум.
Тенденцијата датира од пред илјада години и во тоа можете да си се уверите во грчките облеки. Освен кај грците пеплумот се наоѓа и кај шпанските костими како и во моделите од 19 век.

 Овој дизајн се носел некаде во 30тите и 50тите години на минатиот век кога Диор ја извадил својата модна линија “New Look” се со цел да се истакне женската фигура.

                                                                       New Look


 
 
Со текот на времето се се изменило но пеплумот само варирал во помодерна варијанта.
Така сега се носи на сукњи, панталони, блузи, фустани и изгледа премногу елегантно и женствено. Се комбинира со тенки колани.
 







 

Saturday, August 25, 2012



Плакарите на славните

    Дали некогаш сте се запрашале како ги подредуваат алиштата и чевлите познатите? Дали некогаш сте посакале да поминете барем 5 минути во нивните плакари? Ако да, ние имаме изненадување за вас: колекција од некои интересни плакари на некои познати личности.

Мараја Кери има гигантски плакар, има околу 1000 пара чевли.Нејзиниот плакар е декориран во бои и матријал.





Ким Кардашиан тврди дека има само 100 пара чевли Кристијан Лубутин! Таа ја претворила гостинската соба во огромен соба плакар, каде што чевлите и чантите имаат посебни делови.
Нејзините сестри Кортни и Клои можеби не се популарни како нејзината сестра, но нивните плакари не се ни малку помали од на Ким :О






 Кога купувам чевли се прачувам дали би ми стоеле добро кога би ги носела гола?- вели Клои



Познатата Тамара и Петра Еклестоне имаат околу 300 пара високи потпетици, вклучувајќи и 200 пара Лубутин. Нејзиниот плакар за чевли вреди 100.000 долари,додека пак нејзиниот гардеробер вреди 1.6 милиони долари. На друга страна пак Петра сака да собира балетанки и накит.





Кристина Агилера има неверојатен плакар во разни бои,и таа си го нарекува Вондерленд. Таа најчесто трочи на скапи чевли и накит.



Ева Лонгорија има плакар полн со кошули, фармерки, високи потпетици и колекција од Хермес Биркин ташни. Таа сака да се облекува кежуал и опуштено,има преку 50 пара фармерки.


Плакарот на Парис Хилтон


Најлуксузен и најголем плакар има Кимора Ли Симонс. Секое парче и е брендирано,може да се најде Хермес, Шанел, Ив Сен Лорен, Луи Витон и многу други.



Friday, August 24, 2012

Направи си сам патики Miu Miu


     Денеска дами ќе ви покажам како да си направите сами впечатѕливи патики, со кои нема да останете незабележани на летните забави.
Овие блескави патики се дизајн на познатата марка Миу Миу.




Неопходни материјали:
- патики по можност бели
-лепак
-светки
-мала плосната четка
-различни по големина камчиња
-црна трака лепак





*Во мал сад ставете лепак и светки,смесата нека биде 2 пати повеќе светки од лепак. Измешајте добро.

* Со помош на четката нанесете од смесата на патиките. После првиот слој оставете да се исучат 10-15 мин, после тоа нанесете учте 3-4 слоја.

* Тргнете ги црните ленти и намачкајте ги патиките со лепак, па потоа на врвот наредетеги камчињата по ваш избор.





Колор тренд - мисли розово


      Како што веќе знате пастелните нијанси беа вистински чик оваа пролет и лето, меѓутоа тие продолжуваат и на есен. Иако времето ќе залади, денот ќе се намали сите ние за да го доловиме трендот треба да бидеме облечени во пастелни нијански. Нека царува розовото.
Како што веќе знате пастелните нијанси беа вистински чик оваа пролет и лето, меѓутоа тие продолжуваат и на есен. Иако времето ќе залади, денот ќе се намали сите ние за да го доловиме трендот треба да бидеме облечени во пастелни нијански. Нека царува розовото.




Бидејќи е премногу феминистичка боја може да претставува проблем за некои девојки и за да биде тешка за нивниот стил. Па еве како да носите розово:
1. Розово во комбинација со бело е перфектон.
2. Искомбинирајте едно максимум до две парчиња розово.
3. Најдобро би било да ставите ремен или марама во розова боја.
4.Или пак доколку несакате ниту едно парче облека да ви биде розово,тогаш налакирајте си ги ноктите и ќе бидете шик :)