Tuesday, April 23, 2013

Златно во комбинација со пастелни нијанси

    Денеска решив да ви ја претставам мојата комбинација избрана за денешниов ден, конкретно ја одбрав за работна варијанта меѓутоа може да се искористи и за дневна кафе комбинација ;)

   Златното е ин оваа сезона, а искомбинирано со пастелни нијанси изгледа совршено, нежно и префинето. Избрав крем панталони, златно ланче, златно тенко џемперче кое е супер за пролетното променливо време, бледо праска боја кошула, кремави балетанки со златно - сребрени мотиви и исто така одбрав и балетанки само со златни мотиви, убаво стои и со тие и со другите балетанки,целата комбинација ја надополнив со златен часовник, еве неколку сликички од денешниот преубав ден. 













GabiFox

Saturday, April 20, 2013

Направи си сама: Тренди ланчe


 Денеска решив да ви откријам еден мал трик за изработка или модификација на старо ланче со циркони кое можете да го разубавите со само еден обичен конец  
или пак вуница. Како што сите знаеме сега се ултра модерни огрлиците во разни бои и нијанси, па со малку труд можете да си направите уникатно ланче кое ќе ви ја украсни и надополни дневната како и вечерната комбинација.
 

Што ви е неопходно:

4 конци намотани во клопче

* Ланче со мали камчиња

* Игла за шиење

* Ножици

* Механизам за закопчување од старо ланче  

* Клешти

Разделете ги конците за шиење на 15-18 ленти, должината зависи од должината на старото ланче со камчиња, кое што сте го избрале. Ова истово може да се направи и со вуница.  

На 8 см од едниот крај врзете чвор. Разделете ги конците на три рамни дела и започнете да плетете плетенка (ситна и густа) 


    На 8 см од крајот врзете чвор


    Со помош на клештите отстранете го механизмот за закопчување од ланчето 
со камчиња(старото)


Земете конец со иста нијанса ставете ја плетенката која претходно ја направивте и старото ланче едно до друго и со иглата и конецот почнете да шиете ( види слика)




   Земете 25см конец за шиење може и друга нијанса малку да биде поинтересно и замотајте ги тие 8 см што ги оставивте на почетокот. 

   Потоа сошиете го механизмот на едниот и на другиот крај, а потоа исечете ги остатоците од конецот. (види слики)







GabiFox

Wednesday, April 10, 2013

Polka dots Vol.1


   Според моите истражувања точките доаѓаат во модата на секои 7 до 10 години :) што значи дека и да си извадите некое старо парче облека од деведесетите со мали модификации ќе ви биде супер модерно :) 

  Оваа сабота беше супер ден за една опуштена варијанта, комбинација на беж боја со кожна јакна, кожула со мали златни детали на крагната и секако неизбежните модни аксесоари кои ги обожавам и сум пресреќна што се ин сезонава :) Оваа комбинација би ја препорачала како дневна комбинација за на кафе или пак може исто така да се искористи и за работна комбинација... Секогаш ќе се чувствувате пријатно, а ќе нидете ИН! 
   Исто така ми остави впечаток оваа сезона дека многу добро изгледа комбинација на пруги со точки,носете точки во сите големини и форми



















СОВЕТ: Никогаш не комбинирајте панталони и сако или кошула во иста шара, посебно не со точки ;)


Friday, April 5, 2013

ЈА ПОВИКУВАМ ПРОЛЕТА


Ја повикувам пролета со зелена(минт)-тегет комбинација




Денешната комбинација која ќе ви ја претставам е дел од мојот стил... но и со цел да го избркам ова тмурно и неубаво време :)
Имаме комбинација на јавачки панталони во зелена боја, искомбинирани со свиленкасто зелена кошула и тегет сако. Како додатни аксесоари одбрав златен часовник кој е ин оваа сезона неколку алки и исто така во овој кош ги ставам и овалните нокти како дел од стилот :) и малите ситни обетки исто така со златен сјај и овална форма...
 
Се надевам ќе ви се допадне денешниов spring look!