Изгледот на славните


Високите ултрамодерни чевли на Ева Лонгориа


    Понекогаш сите сме жртви на модата- парчиња гардероба кои не прават да изгледаме по слаби, но се доста неудобни или пак омилените долги фустани кои се најголем непријател за качување по скалите.
Ќе се согласите со мене чевлите ни претстауваат најголемото искушение но и се најмачни за носење, посебно високите потпетици кои сега се многу модерни.
Именно тоа се случи и со Ева Лонгориа која си има нова мана исклучително високи потпетици.Тие се блиску 18 см! Дело се на холандската дизајнерка  Olcay Gulsen.
Ева без да забележи дека околу неа има папараци се обидувала да помине мало растојание но дури и тоа и било тешко. По сликите можеме да забележиме дека Ева се потпира на сите предмети околу неа, за да ја задржи рамнотежата. Отварањето на вратата и претставувало исто така проблем.
Дали е прашање мода или нискоста на Ева Лонгорија,проценете вие?

Дали ви се случило да облечете некогаш толку неудобни чевли,споделете со нас.










No comments:

Post a Comment